Powered By Blogger

25. 7. 2013.

Битолчани задоволни, младиот „бран„ ги донесе головите

СО ЧЕТИРИ ГОЛА ВО ВТОРИОТ ДЕЛ, ПЕЛИСТЕР НА УБЕДЛИВ НАЧИН СЕ ПРЕДСТАВИ ПРЕД БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА
Пелистер - Победа 4:0 (0:0)

Градски  стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 600
Стрелци: Ѓорѓиев, Дуков, Љамчевски (2)

Пелистер:
Пашовски, Китановски, М. Степановски, Драгарски, К. Степановски, Христов, Мојсов, Елмазовски, Жуниор, Алтипармаковски, Марковски
Уште играа: Апостоловски, Ѓорѓиев, Дуков, Љамчевски, Мирчевски, Лескароски, Ивановиќ, Анастасов, Велевски, Миленковски, Вељановски

                Во седмиот контролен натпревар, а прв под Тумбе кафе, Пелистер убедливо ја совлада прилепска Победа со 4:0 со многу подобра игра во текот на целиот меч, многу неискористени шанси во првиот дел и ефикасно второ полувреме. Откако зелените се изнапромашија во првото полувреме, бугарскиот 19 годишен фудбалер за врска Кирил Георгиев, 18 годишниот кавадарчанец  Дуков и Петар Љамчевски со два гола ја завршија работата во второто полувреме. Младите сили на Пелистер со убедлива партија „тропаат на вратата„ на првиот тим. Битолската публика задоволна од изгледот на новиот Пелистер, а многу посериозен тест ќе биде неделниот пријателски меч во Битола со новиот прволигаш Македонија Ѓ.П.

Нема коментара:

Постави коментар