Powered By Blogger

9. 7. 2013.

Пораз во скромно второ полувреме за Пелистер

БУГАРСКИОТ ВТОРОЛИГАШ МОНТАНА ПОДОБАР ОД ПЕЛИСТЕР ВО КОНТРОЛЕН МЕЧ ВО БАНСКО
„Пири 2013„ - Разлог (Бугарија)
Пелистер - Монтана 1:3 (0:0)

Стадион во Разлог. Гледачи: 100
Главен судија: Стефан Апостолов
Асистенти: Николај Попниколов и Борислав Арабаџиски (сите од Бугарија)
Стрелци: Миленковски во 89 минута за Пелистер, а Гајтанив во 54, Мецечиев во 76 и Методиев во 90 минута за Монтана
Жолти картони: Китановски, Мојсов (Пелистер), Васев (Монтана)

Пелистер:
Пашовски, Китановски, М. Степановски, Драгарски, К. Степановски, Мојсов, Христов, Љамчевски, Елмазовски, Жуниор, Марковски
Уште играа: Дуков, Магловски, Лескароски, Велевски, Миленковски, Ивановиќ, Анастасов

Монтана:
К. Иванов, Митов, Василев, Михов, Маркез, Мецечиев, Тодоров, Мицев, Наков, Н. Иванов, Гаитанов
Уште играа:
Васев, Мицански, Садоков, Методиев, Васев, Антонов, Георгиев, Добревски
                Во невообичаен утрински термин од 9 часот по македонско време, Пелистер и бугарскиот второлигаш Монтана одиграа солиден меч, во кој битолчани комплетно потфрлија во второто полувреме и го расипаа впечатокот на дотогаш одличниот прв дел. Избраниците на Бочевски подобро го почнаа мечот и во првиот дел имаа повеќе шанси за водство. Пак извонредниот Жуниор уште во 7 минута ја имаше првата шанса, но со глава биеше за малку преку голот. Во 31 минута, убава топка од Менде Степановски, која ја пропушти Елмазовски и му овозможи чиста ситуација на Томе Китановски, но овој наместо да бие, центрираше и шансата пропадна. Во 42 минута и Благојче Марковски изби пред Кирил Иванов, но доби удар в лице од дефанзивецот Михов, но судиите не ја прекинаа играта. Во поле изедначено прво полувреме, во кое Пашовски немаше ниту една интервенција. 
Второто полувреме уште од стартот со серијата на замени, донесе проблеми за битолчани. По најубавата акција во мечот, во 54 минута Митев убаво центрираше право на главата на Гаитанов, кој ја закова топката во небранетата мрежа. Пелистер остана без реакција. Соло продорот на Жуниор и ударот на Илир Елмазовски од дистанца беа единствените закани. Во 76 минута помалку среќно топката стигна до Мецечиев, кој од 7-8 метри го матира немоќниот Горан Пашовски. Младата екипа на Пелистер сакаше да го поправи впечатокот и во последните 10 минути изведе 4-5 корнери и во 89 минута постигна почесен гол. Милан Ивановиќ мина по десната страна, центрираше по земја на втора статива до Филип Миленковски, кој намали на 1:2. Во судиското надополнување од левата страна Методиев биеше чудно со лоб удар во спротивниот агол за финална победа од 1:3 на екипата на Монтана. Позитивно прво и скромно второ полувреме за екипата на Бочевски, која делуваше помалку уморно по три меча во четири дена. 

Нема коментара:

Постави коментар