Powered By Blogger

25. 7. 2013.

Богдановски - седми пат државен првак

НОВ ПОДВИГ НА НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ШАХИСТ ВО ИСТОРИЈАТА НА ДОМАШНИТЕ ПРВЕНСТВА
Битолскиот велемајстор Влатко Богдановски е нов првак на Македонија за 2013 година. Со победата во последното коло против Роберт Велески тој се одвои од конкурентите, освојувајќи 7 поени од 9 партии. Звонко Станојоски и Драгољуб Јаќимовиќ кои исто така победија во последното коло ги зазедоа второто и третото место со 6.5 поени.
За шахистот на Алкалоид и репрезентативец на Македонија ова е вкупно седма титула Првак на Македонија. Богдановски предходно победуваше во 1986, 1987, 1989, 1993, 1995 и 2009 година.

Специјални награди освоија:

- Јани Богоевски (рејтинг 2200-2300)
- Александар Кралевски (рејтинг 2000-2200)
- Тони Лазов (рејтинг под 2000)
- Бруна Тузи (прва женска награда)
- Драгана Николовска (втора женска награда)
- Коста Пеев (најдобар до 18 години)


На првенството кое се одржа во хотелот „Дрим“ во Струга учество зедоа 36 шахисти од Македонија, Бугарија, Србија и Албанија. Судии беа Иван Кочовски и Кире Николовски.

Нема коментара:

Постави коментар