Powered By Blogger

1. 8. 2013.

Милевски тренира со Пелистер и очекува договор

ДАЛИ СО УШТЕ ЕДНО ВРАЌАЊЕ, ПЕЛИСТЕР ЌЕ ДОБИЕ УШТЕ ЕДНА ОПЦИЈА ВО НАПАДОТ
29 годишниот напаѓач кој поникна од школата на Пелистер, Дарко Милевски деновиве повторно е во Битола и тренира со Пелистер. Тој дури и доби шанса на еден дел од второто полувреме на мечот со Македонија Ѓ.П. Деновиве ќе се знае дали Пелистер ќе му понуди перманентен договор или не.
Се работи за класичен напаѓач кој долги години настапува во странство, во Шведска, Данска и Мјанмар. Токму од оваа азиска земја пристигна минатата недела и прва опција му е матичниот клуб. Со оглед на повредата на Благојче Главевски, Пелистер има недостиг од класични напаѓачи, па во офанзивната линија ротираат Алтипармаковски, Марковски, Дуков и Стенио Жуниор. 

Нема коментара:

Постави коментар