23.01.2015.

Ќе има битолско дерби во унгарската лига

ОФИЦИЈАЛИЗИРАНОТО ВТОРОТО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО НА ВЛАДИЦА БРДАРОВСКИ 
Битолчанецот Владица Брдаровски денес потпиша договор на две и пол сезони со унгарскиот Ѓер. Бившиот фудбалер на Пелистер оваа зима го раскина договорот со својот матичен клуб, каде играше последните 18 месеци.
Повремениот сениорски и поранешен младински репрезентативец по втор пат ќе стане интернационалец, откако претходно шест месеци го носеше дресот на чешкиот тим Брно во 2011 година. Брдаровски е вториот битолчанец кој оваа зима се пресели во Унгарија по Мирко Ивановски, кој потпиша за Видеотон.

Нема коментара:

Постави коментар