13.01.2015.

Јорданчо Наумоски тренира со Пелистер и очекува потпис

НА ПОВИДОК Е НОВ ТРАНСФЕР НА ФУДБАЛЕР ОД ПРИЛЕП ВО ДРЕСОТ НА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
Младиот прилепчанец Јорданчо Наумоски, кој е изданок на школата на Победа, а минатата сезона го носеше дресот на Металург, деновиве тренира со Пелистер и наскоро клубот ќе донесе одлука дали ќе му понуди перманентен договор или не.
Наумоски е дел од младинските репрезентации на Македонија и игра во офанзивниот ред. Битолчани останаа без сите свои напаѓачи откако во зимскиот преоден рок заминаа Бошко Ступиќ, Благојче Марковски и Благојче Главевски. Скоро сигурно најмалку два класично напаѓачи ќе пристигнат под Тумбе кафе до крајот на јануари. 

Нема коментара:

Постави коментар