06.01.2015.

Хаџиевски најави потписи со 5-6 новајлии

ПЕЛИСТЕР ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА ЌЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА 506 НОВИ ФУДБАЛЕРИ ЗА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА
На неполна недела до почетокот на подготовките на ФК Пелистер многу дискретно, битолскиот клуб ги врши завршните преговори со некои од фудбалерите кои на пролет ќе го носат зелениот дрес.
Како и во случајот со назначувањето на тренерот и со фудбалерите нема официјални информација со потпишувањето на договорите, иако тренерот Хаџиевски за македонските медиуми најави дека Пелистер постигнал договори со 5-6 фудбалери, кои доаѓаат од нашата земја и од странство и истите ќе бидат потпишани веднаш по божиќните празници. Се работи за фудбалери за врска и во одбраната, а дополнително ќе има засилувања и во нападот. Хаџиевски в сабота пристигнува во Битола, а в понеделник ќе прозива. Во зависност од временските услови ќе се знае каква ќе биде агендата на пелистерци до 2 фебруари, кога битолскиот прволигаш заминува во Анталија. 

Нема коментара:

Постави коментар