08.01.2015.

Становиќ и Митиќ ќе го креираат новиот Пелистер

ДВАЈЦАТА НАЈПОЗИТИВНИ ОД ДЕКЕМВРИСКАТА ПРОБА ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОРИ СО ПЕЛИСТЕР 
Потврдени се шпекулациите дека првите засилувања оваа зима, Пелистер ќе ги добие од Србија. Двајца млади и креативни фудбалери кои одговараат на профилот кој го сака Ѓоко Хаџиевски за време на викендот ќе пристигнат во Битола и ќе го стават потписот на договорот со битолскиот прволигаш.
Игор Становиќ има 22 години, игра во средниот ред и од Раковица доаѓа во Пелистер. Претходно настапуваше и за исландскиот Гриндавик, БСК Борча и матичниот ОФК Београд. Заедно со него дресот на пелистерци од понеделник ќе го носи и Никола Митиќ, кој има само 19 години, но како и Станоевиќ задоволи на декемвриските тестови. Митиќ е производ на школата на Слобода од Ужице, а настапуваше уште за Металац. Во средниот ред на Пелистер од есенскиот дел потврдени се Тодоровски, Анастасов, Мустафов, Трајковски, Мирчевски и Љамчевски. 

Нема коментара:

Постави коментар