16.01.2015.

Мирко Ивановски пронајде нов клуб во Унгарија

БИТОЛЧАНЕЦОТ ПО ЧЕШКА И РОМАНИЈА ЌЕ ИГРА И ВО ШАМПИОНАТОТ НА УНГАРИЈА
Битолчанецот Мирко Ивановски го договорил својот трансфер во редовите на лидерот во унгарскиот шампионат Видеотон. Македонскиот репрезентативец неколку месеци, пишуваат романските медиуми. Екипата на Клуж е во финансиски колапс, но од Видеотон ќе добие компензација од 50.000 до 60.000 евра за трансферот на Ивановски.
Крилниот напаѓач изминатата есен за Клуж одигра 14 натпревари и постигна два гола, а претходно во Романија играше и за Астра. Изданокот на школата на Пелистер го носеше дресот на Арка од Полска, како и чешкиот тим Славија Прага, а во македонското првенство играше и за Македонија Ѓорче Петров. Ивановски изминатиот период се споменуваше како едно од потенцијалните засилувања на Вардар, но овој трансфер не се реализираше и нашиот интернационалец ќе продолжи во Унгарија.

Нема коментара:

Постави коментар