02.01.2015.

Репрезентативец на Азербејџан на „радарот„ на Пелистер?

МЕДИУМИТЕ ВО АЗЕРБЕЈЏАН ПИШУВААТ ЗА ДЕФАНЗИВНО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА БИТОЛЧАНИ ОД НЕФЧИ
Елвин Јунусаде е потенцијална трансфер желба на Пелистер, пишуваат азербејџанските медиуми, а пренесува СПОРТМЕДИА. Новиот кормилар на битолчани има големо познавање за фудбалот во Азербејџан и од оваа земја ќе ги бара новите засилувања.
Прв на листата на желби на македонскиот тренер е централниот дефанзивец Елвин Јунусаде од екипата на Нефчи. Хаџиевски со овој 22 годишен дефанзивец соработувал во времето кога го предводеше тимот на Симург, а Јунусаде играл на позајмица. Има два настапи за сениорската репрезентација на Азербејџан и важи за еден од најголемите таленти на оваа земја. Според пишувањата во азербејџанските медиуми, Пелистер има многу мали шанси да го ангажира Јунусаде, бидејќи Нефчи не е расположен да се раздели од еден од своите најголеми таленти.

Нема коментара:

Постави коментар