Powered By Blogger

25. 1. 2015.

Пивковски ја менува Новара за Мартина Франка

ПИВКОВСКИ ВО ПОТРАГА ПО МИНУТИ ПРОНАЈДЕ НОВ КЛУБ НА „ЧИЗМАТА„
Битолчанецот, Филип Пивковски пролетниот дел од сезоната како позајмен фудбалер од Новара ќе игра во италијанскиот третолигаш Мартина Франка. Младинскиот репрезентативец минатата полусезона во тимот на Новара не одигра ниту минута, а само еднаш беше на клупата за резервни играчи.
Незадоволен од ваквиот третман тој побара нова средина, а шанса добива во друг третолигаш во екипата на Мартина Франка, која се натпреварува во групата Ц и моментално се наоѓа на 13 место од 20 екипи. Пивковски кој е роден во Малме, минатата година реши да го носи дресот на Македонија и дебитираше во младинската репрезентација на пријателскиот натпревар со Романија во Скопје.

Нема коментара:

Постави коментар