Powered By Blogger

9. 1. 2015.

Нови две засилувања за амбициозниот Младост Царев двор

УШТЕ ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ ГО ЗАСИЛУВААТ МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР ВО ОБИД ЗА ПРОМОЦИЈА ВО ПРВАТА ЛИГА
Продолжува тенденцијата на засилувања на Младост Царев двор со бивши фудбалери на Пелистер. Ресенскиот клуб пред неколку дена го официјализираше трансферот на Стефан Магловски, кој беше второ ново име оваа зима по Антонио Крстановски, кој потпиша за ресенчани во последните денови од 2014 година.
Од денес нови членови на Младост Царев двор се фудбалерите од школата на Пелистер, Тони Магловски и Дејан Велевски. Двајцата беа ослободени од обврските од битолскиот прволигаш и кариерите ќе ги продолжат во комшискиот амбициозен второлигаш. Тони Магловски е надежен дефанзивец, кој мина една одстапка во Миравци и најчесто беше во ростерот на Пелистер во последните две сезони. Слична беше судбината и на фудбалерот за врска Дејан Велевски, кој по позајмицата во Победа и 11 Октомври, се врати во Пелистер но не доби вистинска шанса. Со овие засилувања и уште 1-2, кои од управата на клубот ги најавуваат деновиве, дефинитивно на пролет Младост Царев двор нескриено ќе ја нападне промоцијата во Првата лига. Овој клуб за прв пат игра во Втората лига, откако преку Зајас и Победа ги мина двете бараж пречки минатото лето.    

Нема коментара:

Постави коментар