26.01.2015.

Пелистер поднесе барање за лиценца за настап во Европа

СИТЕ ПРВОЛИГАШИ ОСВЕН БРЕГАЛНИЦА ПОБАРАА ЛИЦЕНЦА ЗА ЕВРОПСКИ НАТПРЕВАРИ
Девет македонски прволигаши побараа лиценца од УЕФА за следната натпреварувачка сезона под капата на УЕФА, а само штипска Брегалница не се пријави за таква лиценца, објави ФФМ. Битолски Пелистер иако е осми верува дека може да излезе во Европа во пролетниот дел од шампионатот 2014/15.
Заклучно со 15 јануари, барање за лиценца поднеле Вардар, Работнички, Шкендија, Силекс, Ренова, Металург, Тетекс, Турново и Пелистер. ФФМ ја дистрибуирала целата потребна документација, а во следните два месеци, клубовите ќе треба да ја комплетираат таа документација и ќе треба да ги достават до одделението за лиценцирање при ФФМ, по што ќе биде познато, кој се ќе добие лиценца за настап во Европа.

Нема коментара:

Постави коментар