02.01.2015.

Пачовски го потврди враќањето во Вардар по шест години

БИТОЛЧАНЕЦОТ НАСКОРО ЌЕ БИДЕ ПРЕТСТАВЕН ВО НОВИОТ КЛУБ, ИСТИОТ ОД КАДЕ ЈА НАПУШТИ МАКЕДОНИЈА ВО 2008 ГОДИНА
Томе Пачовски е во „фокусот“ на домашната фудбалска сцена во претстојниот период поради фактот што е стандарден репрезентативец и во иднина ќе го брани голот на Вардар. Поточно се враќа на домашна фудбалска сцена по шест години и одново ќе биде меѓу „црвено-црните“
Тој го потврди трансферот за Вардар за кого настапуваше и освојуваше трофеи до пред 6 години „Проектот на Вардар веднаш ме привлече. Седлоски и Симев беа упорни да ме донесат и јас ќе дадам сè од себе да им се оддолжам со титули и успеси. Среќен сум што сум дел од ваков проект“ изјави за „Македонски спорт„ новиот чувар на мрежата на Вардар.

Нема коментара:

Постави коментар