Powered By Blogger

20. 1. 2015.

Ивановски претставен во Видеотон

ПО ВРАЌАЊЕТО ОД ШПАНИЈА, БИТОЛЧАНЕЦОТ ЗБОРУВАШЕ ПРЕД НОВИНАРИТЕ ВО УНГАРИЈА СО НОВИОТ ДРЕС НА ВИДЕОТОН 
По два романски клуба, Мирко Ивановски пред неколку дена се договори и потпиша со унгарскиот Видеотон до јуни 2017 година. Со оваа ќе атакува на шампионската титула во Унгарија веќе оваа сезона. „Среќен сум што дојдов во Видеотон.
Знам дека доаѓам во најдобриот унгарски клуб, па цел ни е да дојдеме до титулата во мај оваа година. Потоа многу очекувам и во Лигата на шампионите. Не познавам многу играчи од Видеотон, но знам дека има српски и хрватски фудбалери кои може да ми помогнат брзо да се прилагодам на новите услови“ рече на претставувањето Ивановски. Екипата на Видеотон само што се врати од подготовки во Шпанија. 

Нема коментара:

Постави коментар