15.01.2015.

Апостоловски од Пелистер во комшиска Победа

ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ ПОВТОРНО БИТОЛЧАНЕЦ ЌЕ ГО НОСИ ДРЕСОТ НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА
Младиот битолски голман, Дејан Апостоловски беше прекуброен во Пелистер и во зимскиот преоден рок си побара нова средина. Така тој му пристапи на прилепска Победа која прави максимални напори да се врати во Втората лига.
Откако минатото лето го загуби баражот со Младост Царев двор, двократниот македонски првак ја подмлади екипата и сега му даде доверба на младиот битолски голман оваа пролет. Со оглед на квалитетот и искуството и значајот на името Победа во македонскиот фудбал се очекува од на есен, прилепските бело-црвени да се вратат во Втората лига.

Нема коментара:

Постави коментар