Powered By Blogger

9. 1. 2015.

Виктор Талевски е новиот дефанзивец на Пелистер

ПЕЛИСТЕР ЈА ЗАСИЛУВА ОДБРАНАТА СО БИВШИОТ ФУДБАЛЕР НА ФРАНКФУРТ И БРЕГАЛНИЦА
19 годишниот македонски дефанзивец роден во Франкфурт, Виктор Талевски е нов член на Пелистер и ќе ја зголеми конкуренцијата во последниот дефанзивен ред, каде уште во ростерот партиципираат Степановски, Крстески, Атанасовски.
Младинскиот репрезентативец му пристапи на Пелистер, откако во есенскиот дел од сезоната настапуваше за Брегалница. Овој 180 сантиметри висок дефанзивец, поникна во школата на Франкфурт, каде настапуваше за екипата под 17 и 19 години. Најранлив останува нападот на битолчани каде оваа зима заминаа Ступиќ, Главевски и Марковски.

Нема коментара:

Постави коментар