Powered By Blogger

3. 1. 2015.

ФОТО: Пелистер во ново отворениот „Ела Квалити„ во Анталија

ПЕЛИСТЕР ВО ТУРЦИЈА ЌЕ БИДЕ СМЕСТЕН ВО НОВО ОТВОРЕН ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ
Постоеше дилема помеѓу два елитни хотели во Анталија, но пред неколку дена управата на ФК Пелистер и пред се тренерот Ѓоко Хаџиевски дадоа зелено светло и Пелистер го одбра „Ела Квалити„ хотелот.
Овој преубав нов објект е пуштен во употреба од 1 јануари 2015 година и битолскиот прволигаш ќе биде еден од првите гости. Од 2 фебруари експедицијата на Пелистер ќе мине 12 до 14 дена во „Ела Квалити„ и предвидени се 4 контролни натпревари, по можност со квалитетни екипи.
Се шпекулира со имиња на турски и белоруски противници во некои од предвидените термини. Исто така тренерот Хаџиевски ја контактираше неговата поранешна екипа Војводина и постои расположение за одигрување на пријателски меч меѓу Пелистер и Војдовина, во или надвор од турските подготовки. 
Исто така Пелистер ќе има повластен третман во „Ела Квалити„ каде ќе биде заедно со само уште една екипа, па во потполн мир ќе ја подготвува фудбалската пролет. 

Нема коментара:

Постави коментар