Powered By Blogger

13. 1. 2015.

Кире Ристевски една и пол година во албанска Тирана

КИРЕ РИСТЕВСКИ ОД ДЕНЕС Е НОВ ЧЛЕН НА АЛБАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ ТИРАНА
Потенцијалниот македонски репрезентативец Кире Ристевски во наредните една и пол година ќе го носи дресот на албанскиот прволигаш Тирана. По една година мината во Бугарија во софиска Славија каде што одигра скоро цела минатата пролет и овосезонска есен, Ристевски како слободен фудбалер потпиша за една од најтрадиционалните албански екипи.
Тирана која е четврта по есенскиот дел од шампионатот на нашиот западен сосед, не заостанува многу зад лидерот Скендербег и на пролет ќе тргне дури и по титулата. Ристевски има искуство од настапи во Албанија, каде го носеше дресот на Елбасан и Билиш, а одлично говори и албански јазик. Последен пат за националната репрезентација беше повикан на мечот со Шпанија во септември минатата година, а настапи и на летните контролни натпревари со Камерун и Катар. Така по Ацо Стојков уште еден квалитетен македонски интернационалец потпиша за албански прволигаш. 

Нема коментара:

Постави коментар