Powered By Blogger

21. 1. 2015.

Сарачевиќ: „Јас станав играч, благодарение жешкиот терен во Битола„

ЛЕГЕНДАРНИОТ РАКОМЕТЕН АС СЕ ПРИСЕЌА НА РИВАЛСТВОТО СО ПЕЛИСТЕР И ГОСТУВАЊАТА ВО БИТОЛА
Легендарниот ракометен ас Златан Сарачевиќ, кога зборува за ракометна Македонија, која овие години често ја посетува преку натпреварите на ППК Загреб во СЕХА Лигата или Лигата на шампионите, не заборава што за него некогаш беше македонскиот ракомет.
Пред се ривалството со Пелистер, мечевите во спортската сала „Младост„ и слично. Едноставно тоа не може да го заборави: „Тоа е најжешкиот терен на светот. Се сеќавам 5000 луѓе во салата и 5000 надвор кои не можеа да влезат. И Мате Шундовски и навивање. Тоа е тоа како се прават играчи. Јас станав играч затоа што играв на такви терени. Па после тоа кога ќе дојдеш во некоја арена од 15-20.000 луѓе немаш ништо. Ја преживеа Битола. Убаво беше таму да се игра. Тоа е нешто што ти останува за цел живот. Тоа е кога сега се сетиќ па се наежиш, како тогаш беше и нормално затоа велам дека сакам таа Битола да се врати на онаа слава, на она место на кое некогаш беше„ заврши Сарачевиќ со евергрин приказната за Битола и ривалството со Пелистер. 

Нема коментара:

Постави коментар