07.01.2015.

Нов пех на Кузмановски,нова повреда и затоа не патува во Полска

КАКО И МИНАТАТА ГОДИНА, ПОВРЕДАТА ГО СПРЕЧИ КУЗМАНОВСКИ ДА МУ ПОМОГНЕ НА НАШАТА МЛАДА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА 
Младинската ракометна репрезентација на Македонија до 21 година, утрово замина во полскиот град Островиец Швиетокжиски, каде што од петок до недела ќе ги одигра квалификациите за СП во Бразил.
Селекторот Влатко Неделковски мораше во последен момент да прави принудна промена во списокот од 16 ракометари и да го изостави битолчанецот Филип Кузмановски. Ракометарот на Пелистер влечеше повреда која на крај сепак не успеа да ја долечи и да им помогне на другарите од репрезентацијата. На негово место шанса доби Стефан Стојановки од Пролет.

Нема коментара:

Постави коментар