Powered By Blogger

3. 1. 2015.

Српските прволигаши ќе бидат првите спаринг партнери на пелистерци

СПАРТАК И МЛАДОСТ ЛУЧАНИ СЕ ПРВИТЕ ПРОТИВНИЦИ НА ПЕЛИСТЕР НА ЃОКО ХАЏИЕВСКИ НА КРАЈОТ ОД ЈАНУАРИ
Во зависност од временските услови кои ќе ги диктира зимата во Пелагонија, ќе биде познато дали пелистерци на 12 јануари по прозивката ќе продолжат да тренираат под Тумбе кафе или ќе се преселат во потопла база. Момците на Хаџиевски ќе одиграат два контролни натпревари на крајот од јануари пред да заминат во Анталија.
Спартак Суботица, кој е деветти во ЈЕЛЕН Суперлигата и до минатата сезона беше воден од Драган Канатларовски, на 22 јануари на стадионот „Атина Бојаџи„ во Охрид ќе биде првиот спаринг партнер на зелените. Шест дена подоцна на 28 јануари во Дојран во комплексот „Истатов„ Пелистер ќе игра со Младост Лучани, екипа која е осмо пласирана по есенскиот дел во нашето северно соседство. До почетокот на подготовките ќе се знаат и четирите противници на турските подготовки и ривалот во генералната проба во Битола на крајот од фебруари. 

Нема коментара:

Постави коментар