Powered By Blogger

8. 3. 2013.

Дрита вистински тест на вредностите на новиот Пелистер

ПО БОДОТ СО ЛИДЕРОТ, ПЕЛИСТЕР ИМА ДИРЕКТЕН ДУЕЛ ЗА ОПСТАНОК ВО БОГОВИЊЕ
Ако првопласираната екипа на табелата Вардар и ремито во средата не се најсоодветниот тест за вредностите на овој Пелистер, в недела доаѓа гостувањето кај новиот прволигаш и директниот конкурент Дрита. Еден од таканаречените мечеви кои вредат 6 бода и во кој пелистерци ќе се обидат да ги поправат оние 1:1 минатата есен.
Играчкиот кадар останува истиот од претходната средба со црвено-црните, со тоа што веројатно Здравков ќе менува нешто и во стартниот тим, а можеби и во формацијата со која ќе го почне мечот. Тони Вељановски полека добива ритам на 90 минути во нозете по повредата и по половина час со Вардар, можеби ќе добие поголема минутажа во Боговиње „Ремито со Вардар за нас беше добар показател на можностите. Игравме компактно и не му дозволивме многу шанси на фаворитот. Сепак тој меч е зад нас. Доаѓа Дрита и сите сме концентрирани на ова гостување. Мораме со вистински пристап на влеземе на оваа средба и верувам дека ќе се радуваме„ ни рече Вељановски. Со свои опции да го почнат овој меч се и Александар Вељановски, Благојче Рутевски и Адријан Кекец, но до последен момент Гордан Здравков нема да го знае тимот. Единствено познато е дека Кире Степановски, Благојче Главевски и Драган Димитровски се надвор од стројот. Токму Димитровски на два пати беше кобен за Дрита. Овие две екипи два пати се сретнале во Боговиње во натпревар за бодови и два пати голот на Димитровски носеше победа од 0:1 за битолчани. Од овој и наредниот натпревар со Силекс под Тумбе кафе, зелените ќе знаат многу работи околу тоа со каква залиха ќе влезат во третиот круг од шампионатот во борбата за опстанок во Првата лига.   

Нема коментара:

Постави коментар