МЛАДИОТ БИТОЛСКИ
ТРЕНЕР, НЕКОГАШЕН НЕПОВТОРНИВ РАКОМЕТЕН АС БОРО ЧУРЛЕВСКИ ПРОНАЈДЕ КЛУБ ВО ЛИБИЈА
Еден од најдобрите македонски
ракометари на сите времиња битолчанецот Боро Чурлевски повторно му се враќа на
тренерскиот занает. Од пред неколку дена Чурлевски се наоѓа во либискиот клуб
Ал Џазира каде е главен тренер и менаџер, задолжен за сите категории во клубот.
„Веднаш наидов на топла атмосфера, но и на многу работа. Водам четири екипи на клубот, имам контрола на сите категории во Ал Џазира. Напорно е но мене ракометот ми е во душата и ништо не е заморно кога се сака со срце„ ни рече Чурлевски. Некогашниот плејмејкер на Пелистер ја водеше битолската екипа, во Грција беше прв тренер на Килкис, во Косово на Приштина и Беса и на женската екипа Орми Патра во Грција, а ова за него е прв голем предизвик надвор од Европа.

Нема коментара:
Постави коментар