Powered By Blogger

5. 3. 2013.

Недела или среда, под „Тумбе кафе„ пак ќе има спектакл!

НИТУ ПОМЕСТУВАЊЕТО НА МЕЧОТ ВО РАБОТЕН ДЕН НЕ ЈА НАМАЛУВА ЕУФОРИЈАТА ВО ГРАДОТ ПОД ПЕЛИСТЕР
Ниту одлалањето за три дена не ја спласна атмосферата во градот под Пелистер. И денес се говори само за „вечното дерби„ за првото првенствено соочување на Пелистер и Вардар во Битола по две сезони.
И управата на пелистерци и навивачите мораа да ги „проголтаат„ одлуките дека мечот пак ќе мора да се игра во среда, а не в недела како и Куп мечот во октомври минатата година. Зелените надежи полагаат во ентузијазмот, во подршката на „Чкембарите„ а и во напаѓачот Благојче Марковски, кој е во одлична форма и со гол по натпревар во подготвителниот период ги минува најпозитивните моменти во дресот на матичниот клуб. „Не треба да повторувам колку мечот е важен за нашиот клуб. Со тоа што со месеци се зборува за овој натпревар убеден сум дека јас и моите соиграчи ќе дадеме максимум да стигнеме до зацртаните цели, а тоа е победа и три бода. Не смее да не излаже улогата на аутсајдер која противникот сака да ја наметне за себе. Сепак тоа е Вардар. И тие доаѓаат во Битола со императив од победа, бидејќи се лидери и тим со најголем буџет во државата. Но во Битола не се изнаиграле и многу поквалитетни екипи од овој Вардар„ заклучи Марковски кој во одсуство на Димитровски и Главевски ќе го има бремето да ја носи офанзивната линија на Пелистер. И денес  во утринските часови фудбалерите на Пелистер имаа нормална тренинг сесија и тоа за прв пат на тревникот на стадионот „Тумбе кафе„ кој и покрај поројните дождови во неделата е со задоволитетелен квалитет. Навивачите на Пелистер иако жестоко реагираа до сите структури во градот и федерацијата, сепак играњето во среда го прифатија како нов предизвик за нивниот обид да бидат 12 играч на Пелистер. Со оглед на само шест победи во меѓусебните дуели со Вардар и пет последователни мечеви без радост и традицијата се врти кон битолчани. Дали сега ним им дојде редот да се радуваат? Можеби овие бодови се обични три бода како и на секој друг меч, но со оглед на победите на Силекс и Работнички и ремито на Тетекс, на дното на табелата станува се погусто. А после Вардар на Пелистер му следат директните дуели со Дрита и Силекс.


Нема коментара:

Постави коментар