Powered By Blogger

12. 3. 2013.

Операција Силекс на сцена под Тумбе кафе

ПО ДВАТА НЕРЕШЕНИ РЕЗУЛТАТИ, ВИ БИТОЛА РАЗМИСЛУВААТ САМО НА ПОБЕДА В НЕДЕЛА ПРОТИВ СИЛЕКС
И денешната тренинг сесија на фудбалерите на Пелистер беше насочена кон наредниот предизвик и гостувањето на Силекс под Тумбе кафе. Од исходот на овој натпревар ќе се знае со каква залиха и од која позиција Пелистер ќе тргне во последните 11 кола од првенството. Пожолтените Димче Ристевски и Тони Вељановски, кои нема да играат со кратовци значително им ја отежнија работата на луѓето од стручниот штаб, кои сега бараат резервна варијанта за пополнување на испразнетите места во стартниот тим.
Така фудбалери како Рутевски, Кекец и Александар Вељановски конкурираат за место од првата минута в недела во Битола.
                „Знаеме кои беа нашите позитивни, а кои негативни страни од мечевите со Вардар и Дрита. Подготвени сме да учиме од грешките и на наредните натпревари да доминираме и во играта и во резултатот. Знаеме дека Силекс значително се засили, донесе квалитетни фудбалери, имаше многу позитивни резултати во подготвителниот период, но во Битола ние сме фаворити и веруваме дека ќе славиме. Се надевам само дека стадионот ќе биде исполнет, исто како со Вардар, бидејќи подршката сега ни е најпотребна„ вели организаторот на играта на пелистерци Стефан Магловски.
                Традицијата вели дека Пелистер редовно го добивал Силекс во Битола. Пет од последните шест средби завршиле со радост на зелените, но во првиот дел од шампионатот со два примени гола во првите 10 минути, Пелистер го „положи оружјето„ во Кратово.  

Нема коментара:

Постави коментар