Powered By Blogger

3. 3. 2013.

Очекуван пораз на пелистерци во Куманово

ДВАТА КАНДИДАТИ ЗА ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ПОСЛЕДНОТО МЕСТО ОЧЕКУВАНО ПОРАЗЕНИ НА ГОСТУВАЊАТА КАЈ ФАВОРИТИТЕ
Куманово - Пелистер 92:77 (24:15, 25:23, 22:18, 21:21)
Фени Индустри - Вардар 97:74 (23:18, 21:18, 22:21, 21:23)

Кошаркарите на Куманово и Фени Индустри го потврдија пласманот во кошаркарската Супер лига, со победи против аутсајдерите Пелистер, односно Вардар. Кумановци на свој терен го победија тимот од Битола со 92:77, а Фени беше подобар од Вардар со 87:74.
И во двата натпревари фаворитите немаа проблеми, против двете екипи што нема да играат во завршницата. Иако чуствуваа замор по тешкиот дуел со Кавала, во БИБЛ-лигата, кошаркарите на Куманово не дозволија никакво изненадување против Пелистер. Ентони Дивејн со 24 поени и 8 скока беше предводник во новата победа, а ефикасен беше и Димчевски со 18 поени. Српскиот интернационалец Луковиќ забележа дабл дабл учинок од 13 поени и 11 скока. Кај Пелистер солидно одиграа Сатариќ кој даде 16 поени и Вукасовиќ со поен помалку. Во Кавадарци, Фени диктираше темпо и забележа очекувана победа. Бојан Трајковски одигра извонреден натпревар со 23 поени и 8 скока. Никола Вучуровиќ уфрли 14 поени. Најефикасен на мечот беше кошаркарот на Вардар Жарко Ѓуриќ со 27 поени. Дарко Костески забележа 22 поени.

Нема коментара:

Постави коментар