По само 1 освоен
бод во цела фудбалска есен, бодот освоен во Боговиње се смета за успех
Прва фудбалска лига - 20 - коло
Дрита - Пелистер
1:1 (1:1)
Од тешкото гостување на Пелистер во Боговиње против екипата
на Дрита пелистерци се враќаат со еден бод, по нерешениот натпревар во кој
двете екипи постигнаа по еден гол, а натперавот беше одлучен само во две
минути. Во 10 минута Дрита
поведе со 1:0 со голот на Јонузи, а само по една минута Ристевски изедначи на
1:1.
„Одигравме тежок натпревар по мошне тежок
терен прекриен со кал каде беше новозможно да игра, а камоли да се надигруваме.
Се се реши за две минути, а потоа се играше по тежок терен и тешко се движевме сите,
рече чуварот на мрежата на
Пелистер„ Пеце Коруновски. Сега по две одиграни кола екипата на
Пелистер се наоѓа на десеттото
место со 21 освоен бод, а зад него се екипите на Силекс и Тетекс, а во наредното коло екипата на Пелистер
во Битола ја пречекува екипата на Силекс, директен конкурент за опстанок во
лигата.
Нема коментара:
Постави коментар