УШТЕ УТРЕ
ПЕЛИСТЕРЦИ ЗАМИНУВААТ ВО КАРАНТИН КАДЕ ВО МИР ПОДГОТВУВААТ ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО
ТУРНОВО
Двонеделаната
пауза во шампионатот добро им дојде на пелистерци. Направија мал скок на
табелата, но голем околу самодовербата и притисокот кој до мечот со Силекс го
чувствуваа. Затоа гостувањето кај Хоризонт Турново за избраниците на Гордан
Здравков е бонус и може да донесе многу во случај на бод или три.
Денес за прв пат шефот на струката во Битола го имаше целиот ростер на располагање со враќањето од младинската репрезентација на Китановски, Драгарски и Христов. Позитивни вибрации доаѓаат и од опоравените Главевски и Степановски кои ќе бидат во комбинација за стартниот тим. По мечот со кратовски Силекс, во тимот се враќаат Ристевски и Тони Вељановски кои ја одлежаа казната заради собрани жолти картони „Сега веруваме многу повеќе во нашите квалитети. Мечот со Хорисонт Турново доаѓа во добар момент за нас. Мислам дека имаме квалитет да му парираме на една од најквалитетните екипи во лигата. Јас сум посебно мотивиран за оваа средба и верувам дека како и на првиот меч ќе покажеме дека можеме рамноправно да играме со противникот„ ни рече Христијан Драгарски кој заработи директен црвен картон на мечот на овие две екипи под Тумбе кафе, кој се играше по пороен дожд и натопен терен. Тогаш на голот на Дејан Блажевски реплицираше Сашо Лазаревски и дојде до поделба на пленот. Зелените имаат лош биланс на гостувањата во Турново, каде последен пат не загубиле пред три сезони. Управата на Пелистер одлучи уште в сабота екипата да патува во карантин во Дојран и во мир да го подготви овој натпревар. Пелистерци се во најдолга позитивна серија оваа сезона и не загубиле на пет последователни мечеви.

Нема коментара:
Постави коментар