Powered By Blogger

23. 3. 2013.

Подвиг за опстанок на кошаркарите на Пелистер

Среде Скопје поразен е големиот ривал и КК Пелистер ита кон уште една сезона во Првата лига
Вардар - Пелистер 69:74 (21:16, 16:21, 12:19, 20:19)

Кошаркарите на Пелистер на фантастичен начин ја почнаа борбата за опстанок во плеј-аутот. По повеќе од две сезони забележаа победа во гости и тоа против директниот конкурент Вардар во Скопје. Најзаслужен за победата беше србинот Калањ со 32 поени, но играта во одбрана и тимскиот дух исто така ја направија разликата.
Зелените одлучувачкиот исчекор кон освојување на бодовите го направија во третиот период. Во него Калањ со 11 поени и одличната игра на Вукасовиќ и Балаш направија дистанца од 7 до 10 поени која Вардар до крајот не успеа да ја стигне. Со груба игра во последните 10 минути црвено-црните два пати се доближија до -2, но бодовите одпатуваа во Битола. Калањ со 32 поени, Вукасовиќ со 17 и Балаш со 12 потврдија дека зимските засилувања беа полн погодок во обид Пелистер и наредната сезона да игра во Првата лига. Но ова е само почеток на плеј-аутот и следуваат уште три дуели со Вардар и Струмица. 

Нема коментара:

Постави коментар