Powered By Blogger

23. 3. 2013.

Промовирана книгата „Најдобри меѓу најдобрите„

Битолскиот спортски новинар и писател Димче Миновски ја официјализираше својата најнова книга посветена на спортот
Минатата недела во Битола беше промовирана најновата книга на доајенот на битолското спортско новинарство Димче Миновски, насловена како “Најдобри меѓу најдобрите“ Книгата е хронолошко навраќање на битолскиот спорт и изборите на најдобрите спортисти на Битола од 1964 година кога е воспоставен овој избор, кој го организира Сојузот на спортови на Битола.
На промоцијата на која присуствуваа голем број на спортисти од неколку генерации зборуваа авторот Димче Миновски и рецензентите Ѓуро Илиќ и Сашо Ристевски, и градоначалник Владимир Талески. Заблагодарувајќи им се на присутните Миновски нагласи дека оваа книга треба да биде правец во кој дел треба да се развива спортот во Битола, односно според тоа колку спортисти од кој спорт биле прогласени за најдобри спортисти во тој спорт да се форсира и финансираИако се зборува за спортист на Битола сепак мора да се спомене дека голем е бројот на жени спортисти кои ја понеле оваа титула. Мора да се споменат Вера Велјановска, Гордана Цветковска Бошевска и секако олимписката првенка Оливера Бикова рече Димче Миновски. Градоначаникот на Битола, Владимир Талески се осврна на инвестициите во спортот и надежта дека Битола ќе биде град број 1 во областа на спортот во нашата земја „Пред неколку месеци Димче Миновски дојде и ни се обрати за помош да ги објавиме овие негови капитални дела. Ние со задоволство прифативме да ги испечатиме и финансираме неговите книги. Ми се допаѓа насловот, бидејќи Битола е град на шампиони. Со нашата програма за култура и спорт верувам дека во нареднит 4 години, нашиот град ќе доминира, ќе изгради шампиони и сите ќе знаат за нашите спортисти„ заврши Талески. Авторот Димче Миновски има напишано досега петнаесет книги (монографии, биографии и романи) а на есен оваа година треба да се појават три книги за битолскиот спорт, а првата „Најдобри меѓу најдоброте„ излегува во печатн веќе оваа недела.

Нема коментара:

Постави коментар