Неславно заврши
регуларниот дел од сезоната за кошаркарите на Пелистер. Следува плеј-аутот и
борбата да не се испадне
Пелистер - Лирија
68:82 (14:18, 23:24, 10:14, 21:26)
Кошаркарите на
Пелистер заедно со Струмица, Вардар и младинската репрезентација на Македонија
ќе се борат за опстанок во плеј-аутот на Првата лига, откако заврши регуларниот
дел од сезоната.
Последното прволигашко коло се комплетираше во Битола, каде Лирија го совлада Пелистер Спорт со 82:68, но и покрај тоа што има ист број на бодови со Кожув на делба на првата позиција, сепак тимот од Сарај ја завршува Првата лига како второпласиран поради послаб кош-количник во меѓусебниот дуел со Кожув. Многу рано во натпреварот Лирија дојде до двоцифрена предност од 14:4, но Пелистер успеа уште до крајот на првата четвртина резултатски да се доближи. Се играше генерално изедначено и покрај тоа што Лирија беше тимот кој изгледаше дека постојано ја има контролата со одржување на едноцифрено водство. Во третиот период разликата повторно се искачи на 10 поени, за гостинскиот состав и до крај да не дозволи Пелистер да се понадева на триумф за конечни 82:68. Балша Радуновиќ со 26 поени и 7 скокови беше повторно најдобар поединец кај Лирија, додека нов дабл-дабл кај Пелистер оствари Александар Калањ од 20 поени и 14 скокови. По ова последно коло од Првата лига, Кожув е лидер на табелата пред Лирија, Фени Индустри, Куманово, Работнички, Струмица, Вардар и Пелистер Спорт. Суперлигата ќе стартува на 20 март, а таму ќе се приклучи и бранителот на трофејот, МЗТ Скопје, кој досега играше во АБА лигата. Во Суперлигата сите екипи ќе почнат со нула бодови, но резултатите од меѓусебните дуели ќе важат и ќе играат улога во разигрувањето за титулата, односно на стартот на плејофот.

Нема коментара:
Постави коментар