Powered By Blogger

11. 3. 2013.

Бодот од Боговиње солиден, со Силекс Пелистер мора да победи

ВО БИТОЛСКИОТ ТАБОР СЕ АНАЛИЗИРААТ ПРВИТЕ ДВА НАТПРЕВАРИ И ВНИМАНИЕТО СЕ НАСОЧУВА КОН ДЕРБИТО НА ДНОТО СО СИЛЕКС В НЕДЕЛА
Со ремито во Боговиње против Дрита, фудбалерите на Пелистер не направија голем исчекор на табелата, колку што го зајакнаа својот морал во сопствените можности откако на четири врзани натпревари се без пораз со 6 од можните 12 бодови. Со чувство и на жал што против Дрита избраниците на Здравков не ги искористија своите шанси за освојување на останатите два бода, зелените се подготвуваат за мечот со Силекс каде императивот за победа е кај битолчани
. „Задоволни сме како игравме, но не и што не успеавме да славиме во Боговиње. Сепак ваквите мечеви минатата есен знаевме да ги загубиме и покрај целосната контрола. Мора да се свртиме кон наредниот натпревар. По два важни меча во четири дена, сега имаме цела недела да го подготвиме мечот со Силекс. Штета што мора да играме без Тони Вељановски и Димче Ристевски, кои заработија петти жолти картони против Дрита„ ни рече Сашо Здравевски спортскиот директор на Пелистер.
                И покрај тоа што битолчани се поблиску до последните две места на табелата од остатокот од лигата, во градот под Пелистер владее умерен оптимизам за продолжувањето на сезоната. И позитивната традиција со Силекс ги осоколува пелистерци. Тие вчера изутрина имаа тренинг за рекуперација, а наскоро по мечот со Силекс во стројот ќе се приклучат Благојче Главевски и Кире Степановски и тренерот Гордан Здравков ќе го има целиот мозаик на располагање.  

Нема коментара:

Постави коментар