ДОМАШЕН ПОРАЗ И
ГОСТИНСКА ПОБЕДА НА ДВАТА КЛУБА ОД БИТОЛА ВО ПРВОТО ПРОЛЕТНО КОЛО ОД ВИП СУПЕР
ЛИГАТА
Овче Поле -
Пелистер 22:37 (7:22)
Пролетниот дел од ракиометната
ВИП Супер лига ракометарите на Пелистер ја започнаа со победа во Свети Николе
против далеку послабата екипа на Овче Поле. Во мирен амбиент зелените првиот
дел го одиграа со најсилните адути, а по големата дистанца во продолжението
младите надежи победата ја направија поубедлива.
Избраниците на Кире Поповски мечот го почнаа со 0:5 со одлично издание на новајлијата Ангелевски во првото полувреме. Опоравениот Илиевски и Васко Митевски, кој играше против својата бивша екипа, додадоа „гас„ и на половина полувреме веќе беше 3:10. Во меч без многу сторија до одморот беше 15 разлика, а со истата таа дистанца мечот заврши во многу коректен амбиент. Милковски со 10 постигнати гола беше единствената светла точка кај поразениот Овче Поле, а кај пелистерци Илиевски постигна 6, Митевски и Ангелевски по 5, а Ивановски 4 гола. Одличен сигнал за зелените пред посилните предизвици кои следуваат.

Битола - Куманово
27:28 (14:14)
Во многу драматичен натпревар
ракометарите на Битола несреќно го загубија мечот со Куманово и ако имаа малку
повеќе среќа можеа да откинат бод или два. Во текот на сите 60 минути двете
екипи имаа само по 2-3 гола предност и Томче Ѓорѓиевски беше разликата на
паркетот во спортската сала „Младост„ Но во последните 10 минути играта на
Битола падна и Кузмановски и другарите успеаа со два гола во последните две
минути да го однесат целиот плен од Битола.
Нема коментара:
Постави коментар