ВО НАЈДОБРИОТ МЕЧ
ВО СЕЗОНАТА, РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ГО СОВЛАДАА ЗОМИМАК ОД СТРУМИЦА
Пелистер -
Зомимак 28:24 (14:13)
Спортска сала
„Младост„ - Битола. Гледачи: 800
Судии: Сашо
Кркачев и Ѓоко Колевски (Скопје)
Делегат: Камер
Металари (Скопје)
Пелистер:
Тоскоски,
Божиновски, Нечков, Костовски, Димитровски 4, Мемиќ 1, Ангелевски 10,
Дрогришки, Илиевски 1, Чурлевски 2, Вешовски 2, Рајатовски, Митевски 6,
Вељановски, Ивановски 2, Талевски, Кузмановски
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 4
минути
Зомимак:
Колев,
Стојановски, Соколов 1, Маглешев, Тренчевски 2, Чантурија, Павловски 5,
Везенковски 3, Пецаковски 8, Атанасов, Милосављевиќ 3, Лазаров, Петковски 2,
Георгиев, Стојанов
Седмерци: 8/7
Исклучувања: 8
минути
Во еден од највозбудливите
натпревари во спортската сала „Младост„ во Битола, ракометарите на Пелистер го
одиграа својот најдобар натпревар оваа сезона и на крилата на својот капитен
Игор Тоскоски, му се реваншираа на струмичани за поразот во есенскиот дел и во
подготовките. Од самиот почеток играта во одбрана и фантастичниот Тоскоски
најавија дека бодовите ќе останат во Битола. Во одбраната зелено-белите делуваа
цврсто и организирано, а во нападот Аце Ангелевски имаше решение скоро за се.
Така се до одморот се играше гол за гол, со Пецаковски кој единствен одговараше
на битолската еуфорија. Така со +1 се отиде на одмор, а одлуката околу
победникот се појави на почетокот од второто полувреме. Ангелевски погоди два
пати од 10 метри, Тоскоски „скина„ неколку зицери и брзо битолчани отидоа на
21:16. Таа игра со „камена„ одбрана и лесни голови од контра лансирани од
Тоскоски, беше рецептот до крајот како да се добие мечот. Откако Кире Поповски
и Игор Николовски ја превзедоа екипата ова беше најдобриот натпревар на
ракометарите на Пелистер. Наредниот петок пелистерци играат со Преспа пред
стартот на Суперлигата.
Нема коментара:
Постави коментар