ВО ЗАДЕН ЧАС ФФМ
ПО БАРАЊЕ НА МВР ГО ОДЛОЖИ ДУЕЛОТ НА ПЕЛИСТЕР И ВАРДАР
Поради новонастанатата ситуација, од безбедносни причини,
дербито меѓу Пелистер и Вардар што утре требаше да се игра под „Тумбе кафе“, е одложено за в среда, со
почеток во 14 часот „Поради новонастанатата ситуацији, од
безбедносни причини МВР побара дербито да биде одложено.
Новиот термин на одигрување е в среда (6.март) во 14 часот“, изјави портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски. Поради немирите што се случија во главниот град, органите на МВР побараа фудбалското дерби меѓу Пелистер и Вардар да биде одложено за в среда, затоа што специјалните сили се потребни за чување на јавниот ред и мир. На неделниот меч во Битола, што сега е одложен за три дена, најавено е присуството на „Комити“ и на „Чкембари“, навивачките групи на двата тима, што секако бара максимална сериозност и дополнително обезбедување од МВР.

Нема коментара:
Постави коментар