Powered By Blogger

13. 3. 2013.

Пелистер навива за македонско финале

ЗА ДА ДОБИЕ ШАНСА ЗА НАСТАП ВО СЕХА-ЛИГАТА, БИТОЛСКИОТ КЛУБ ОЧЕКУВА ДОМИНАЦИЈА НА МАК-РАКОМЕТОТ
Битолски Пелистер не се откажува од намерата да се врати на старите патеки, а еден од начините да се врати публиката во салите, спонзорите во клубот и повторно да проработи расадникот на таленти, е тимот да заигра во машката регионалната ракометна СЕХА-лига. Засега тоа е тешко остварливо, но има шанса.
Или Пелистер да биде меѓу првите две екипи во домашното првенство, со што директно би обезбедил пласман во СЕХА-лигата или да добие покана од лигата. Лани македонските екипи играа во финалето. Сега најмалку Металург ќе игра на завршниот турнир, а веројатно и Вардар ќе обезбеди пласман да ја брани титулата. Тоа го потврдува квалитетот на македонскиот клупски ракомет „Имаме проект кој предвидува враќање на многу наши играчи и повторно создавање силен Пелистер. Ако добиеме виза за СЕХА-лига, неколку спонзори ќе влезат во клубот, имаме поддршка од градот, играчи што би дошле веќе се исконтактирани. Знаеме дека е тешко поради Вардар и Металург. Но, добивме ветување дека ако Вардар и Металург повторно играат во финале, полесно ќе се протурка барањето и за трет македонски клуб вели Никола Пискачев, член на управата на битолчани. Тој во саботата разговарал со Санди Шола, претседателот на СЕХА-лигата, за можноста Битола да влезе во елитното друштвоНе можам ништо да искоментирам. Уште имаме разговори со потенцијалните клубови. До 12 април се ќе се знае, но засега не можам да коментирам. Точно е дека Пелистер сака да игра, и ние побаравме да видиме проект колку е сето тоа сериозно. Останува проблем што од Македонија има две екипи, но ако има одлука за проширување, сигурно дека ќе разговараме. Вратата не е никому затворена. Но, најверојатно максималниот број екипи ќе биде 14 вели Шола, кој беше во Скопје на Собранието на РФМ.
Од следната сезона руски Газпром би требало да биде спонзор на лигата, а се најавуваат клубови од Унгарија (Пик Сегед и Веспрем), Полска (Висла и Kјељце) и од Србија (Партизан). Тоа значи дека некои од сегашните екипи ќе треба да испаднат. На 12 април во Скопје е полуфиналето на СЕХА-лигата, а на 14 се игра финалето.

Нема коментара:

Постави коментар