Powered By Blogger

14. 3. 2013.

Марковски ветува победа против „своите„

БИВШИОТ ГОЛГЕТЕР НА СИЛЕКС, НЕ ОСТАВА СОМНЕЖ ОКОЛУ ТОА КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ ВО НЕДЕЛНИОТ МЕЧ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Ако некој од фудбалерите на Пелистер добро го познава неделниот противник, тоа сигурно е напаѓачот Благојче Марковски, кој неколку години настапуваше за Силекс и постигна серија на голови за црвено-сините. Токму тој в недела ќе го предводи нападот на пелистерци и е непоправлив оптимист кога се работи за оваа средба.
„Ние сме максимално концентрирани за овој натпревар и убеден сум дека бодовите ќе останат во Битола. Ќе мора да смогнеме сили и без неколку стандардни првотимци, но верувам дека сите кои ќе истрчаат на теренот под Тумбе кафе ќе дадат придонес за наша прва пролетна победа. Инаку Силекс играчки доста се промени од периодот кога јас настапував за оваа екипа, но тие имаат свои стандарди на игра и верувам дека доаѓаат во Битола да се надигруваат. Очекувам отворен меч со многу голови„ заклучи Марковски.
                Тој во подготвителниот период беше најдобар клубски стрелец, а пак во нападот на зелените ќе игра со Симеон Христов. Опоравувањето на Главевски и Димитровски оди според планот и минатата есен стандардниот тандем на битолчани, по двонеделната пауза заради репрезентативните настапи, пак ќе биде во конкуренција за стандардниот тим. Битолската јавност и в недела очекува исполнет стадион и голема подршка во обид да се побегне од опасната зона.

Нема коментара:

Постави коментар