ДАЛИ ПЕЛИСТЕРЦИ ЈА НАУЧИЛЕ ЛЕКЦИЈАТА И ПРОТИВ СИЛЕКС ЌЕ ГО
ЗАБОРАВАТ ПОСЛЕДНОТО СООЧУВАЊЕ ВО КРАТОВО
Во
фудбалска Битола во мир спокојство се подготвува вториот директен дуел за
опстанок во пролетниот дел од шампионатот, в недела со Силекс под Тумбе кафе.
По ремито во Боговиње избраниицте на Гордан Здравков го почитуваат противникот,
имаат доволено видео материјал и да го анализираат, а шефот на струката на
битолчани имаше можност и во живо да го следи кратовскиот тим.
Но како што пелистерци знаат да кажат во нивниот град тешко која македонска екипа може да ја има фаворитската улога освен Пелистер, па така и Силекс в недела. Преокупацијата на Здравков за пополнување на стандардните, а в недела отсутни, Ристевски, Тони Вељановски и Благојче Главевски полека исчезнува. Веројатно до последен момент нема да се знае кои фудбалери ќе добијат шанса, а еден од најискуните кој играл многу вакви натпревар и кандидира за стартер в недела е Благојче Рутевски.

„Мислам
дека сме на вистинскиот пат. Напорно работиме, имавме добри два натпревари со
Вардар и Дрита, но со Силекс веројатно немаме право на грешка. Знаеме дека притисокот
е врз нас и подготвени сме да се носиме со него. Респект за противникот, кој
добро го познавам и сметам дека е многу поквалитетен одколку во есенскиот дел.
Но ние на домашен терен оваа сезона сме многу подобра екипа одколку на
гостувањата и можам да порачам дека нема да го видите оној Пелистер од првиот
мел во Кратово, туку поинаков, поорганизиран и поопасен тим. Бодовите верувам
ќе останат во Битола„ заклучи Рутевски, кој кандидира да биде замена за
Ристевски или да дејствува во офанзивната линија од средниот ред.
Со овој
меч ќе можат да се сумираат резултатите во две третини од сезоната и целта на
битолскиот прволигаш е да стекне што е можно поголема залиха пред последните
две места кои водат директно во Втората лига. Непредвидливоста на нашата лига и
оваа сезона може да се почувствува, па така и зелените се претпазливи околу
најавите и целите, бидејќи една позитивна или негативна серија може многу
работи да промени. А пелистерци за прв пат оваа сезона собраа четири меча без пораз.
Нема коментара:
Постави коментар