Powered By Blogger

6. 3. 2013.

Претпазливо реми на „вечното дерби„

СПЕКТАКЛ НА ТРИБИНИТЕ, СКРОМЕН ФУДБАЛ НА ТРЕВНИКОТ
Прва фудбалска лига - 19 - коло

Пелистер - Вардар 0:0

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 4.000
Главен судија: Марјан Марковски (Охрид)
Асистенти: Кирил Негриски и Симон Грданоски (Струга)
Делегат: Тони Ивановски (Охрид)
Стрелци: нема
Жолти картони: Китановски, Марковски, Магловски (Пелистер), Илиевски, Ранџеловиќ (Вардар)
Црвени картони: нема

Пелистер:

Коруновски, Китановски, Лазаревски, Лескароски, Драгарски, С. Магловски (од 64м. Т. Вељановски), Елмазовски, Мегленски, Христов (од 78м. Кекец), Ристевски (од 90м. А. Вељановски), Марковски


Вардар:

Милиќ, Илиевски, Вајс, Бојовиќ (од 33м. Димитровски), Лазаревски, Оса, Стјепановиќ, Ранџеловиќ (од 90м. Петров), Ѓорѓиев (од 89м. Петров),
Костовски, Петровиќ

            Во прекрасен амбиент под Тумбе кафе „вечното дерби„ на македонскиот фудбал го красеше многу витештво, борба, но скромен квалитет и претпазливост да не се згреши. Така бројот на шанси во првото полувреме беше сведен на минумум. Во 4 минута првата шанса ја имаа гостите кога Бојовиќ се обиде со глава, но Коруновски ја исфрли топката во корнер. Зелените возвратија 7 минути подоцна кога по големата гужва пред Милиќ, вардарци едвај успеаа да ја расчистат опасноста. Во игра меѓу два шеснаесетника ретки беа убавите акции и главно двете екипи се обидуваа со удари од дистанца. Така Ѓорѓиев во 25 минута „распали„ од 30 метри, но ударот заврши неколку метри крај дирекот на пелистерци. Така инерцијата на натпреварот во последните 5-6 минути ги донесе битолчани поблиску до водство. Драгарски во 43 минута со удар од 40 метри со помош на ветрот му се закани на Милиќ, кој со врвот на прстите ја исфрли топката во корнер. По ударот од аголот пак се обиде Драгарски по земја и пак Милиќ беше подготвен на предизвикот, Мирни први 45 минути без емоции, со изедначени периоди на двете екипи и исчекување за продолжението.
            Вториот дел започна со одличната инвидуална акција на Ристевски по левата страна, по која центаршутот на капитенот не стигна до никој од зелените и гостите ја расчистија опасноста. Во 52 минута Елмазовски од слободен удар оштро центрираше, но никој не ја допре топката и Милиќ без проблеми одбрани. Најзрелата шанса тимот на Никола Илиевски ја имаше во 66 минута, кога Владимир Димитровски после гужва одлично биеше, но Пеце Коруновски со парада го спаси домаќинот. Потоа и Стјепановиќ се обиде од 27-28 метри, но голманот на битолчани пак беше на место. Гордан Здравков го внесе Тони Вељановски во средниот ред на местото на Стефан Магловски и ја освежи клучната линија во тимот. Инвидуалната акција на Ѓорѓиев во 85 минута можеше да донесе опасност, но центаршутот на репрезентативецот заврши над пречката. На две минути до крајот еден прекин можеше да донесе победа на лидерот. Стјепановиќ изведе слободен удар, Лескароски малку ја допре топката и таа заврши сантиметри крај стативата на домашната екипа.      
Последна почит на Атанас Смилков - Кенан

            Мечот со Вардар започна со едноминутно молчење како последна почит за прерано починатиот Атанас Смилков - Кенан. Во декември минатата година Битола ја погоди веста за смрта на еден од основачите на навивачката група „Чкембари„ Атанас Смилков Кенан. Се до смртта тој за извршуваше улогата и на комесар за безбедност во ФК Пелистер.  

Нема коментара:

Постави коментар