Powered By Blogger

7. 3. 2013.

Пелистер со подигнат морал се подготвува на Дрита

РЕМИТО ВО ВЕЧНАТА ПРЕСМЕТКА ПОВЕЌЕ МУ ГОДИ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ОДКОЛКУ НА ВАРДАРЦИ
Нерешениот резултат во „вечното дерби„ само го засили моралот и вербата на битолските фудбалери во своите можности пред вториот дел од шампионатот. Иако дуелот во Битола во средата е за заборав, сепак зелените имаа што да извлечат од тие 90 минути. Имено пелистерци во слични натпревари од Купот знаеа да загубат заради некој мал детал, а сега дојдоа до реми, дури и без многу напор против фаворизраниот лидер.
Денес во утринскиот термин, Гордан Здравков имаше редовна тренинг сесија со рекуперација на фудбалерите кои настапија со Вардар. На дневен ред сега е темата Дрита и наредните два директни дуели за опстанок со тимот од Боговиње и Силекс во Битола. Од исходот на овие два натпревари, многу работи ќе бидат појасни пред последниот трет круг од првенството. „Одигравме борбен натпревар со многу трчање и витештво. Покажавме дека можеме да играме со Вардар и овој натпревар треба да ни биде посебна мотивација пред наредните средби. Следува Дрита и меч во кој треба да потврдиме дека есенското реми со овој ривал во Битола беше само лош дена за нас„ ни рече дефанзивецот Христијан Драгарски еден од најдобрите во средата.
                Во меѓувреме започна рекуперацијата на Драган Димитровски, чии што голови донесоа две победи на исто толку средби во Боговиње на пелистерци. Тој како и од поодамна повредените Кире Степановски и Благојче Главевски своето враќање на терените го очекуваат по репрезентативната пауза на мечевите од 22 коло на крајот од месец март.

Нема коментара:

Постави коментар