Powered By Blogger

11. 3. 2013.

Тешка победа за Пелистер против жилавиот Тинекс Пролет

Многу потешко од пред една недела во Свети Николе, Пелистер прокнижи три бода дома против Тинекс Пролет
 Пелистер - Тинекс Пролет 30:28 (15:15)

И во вториот натпревар во ВИП Супер лигата ракометарите на Пелистер забележаа победа. Потешко од предвиденото во Битола падна Тинекс Пролет и со овие бодови избраниците на Кире Поповски се доближија на само три бода до скопската екипа, но нема да можат да ја минат, бидејќи преостанува само уште едно коло пред стартот на Супер шест лигата, во која ќе се приклучат и Металург и Вардар Про.
Конкретно мечот со Тинекс Пролет привлече повеќе гледачи во спортската сала „Младост„ од стандардот оваа сезона. Од почетокот можеше да се наслути дека ова ќе биде тврд и докрај неизвесен натпревар. Двете екипи не играа внимателно одбрана и примаа многу ефтини голови. Во такво надигрување Ангелевски и Васко Димитровски, како и голманот Тоскоски со своите интервенции брзо му донесоа одлепување на битолчани (9:6). До полувремето тие 2-3 гола предност, зелените не успеаа да ги зачуваат. Но на стартот на вториот дел со серија 5:1, Тинекс Пролет се врати во мечот, па со голот на Тодоровски дури и поведе (18:19). Во 32 минута до тогаш одличниот Ангелевски заработи црвен картон. Но работите си дојдоа на свое кога тимот на Пелистер заигра поангажирано во одбраната, нанижа 3-4 неодговорени гола и на крајот успеа да победи без треперење. Со дури 5 ракометари со повеќе од 4 гола, битолскиот тим играше крајно колективно и не дозволи да биде поразен по втор пат во Битола оваа сезона. Вешовски со 9 и младиот Дрогришки со 4 гола најпозитивни, Васко Димитровски стандардно добар со 6 гола, а Игор Тоскоски собра 15 интревенции. Преостанува мечот со Зомимак, од кого пелистерци загубија во првиот дел од шампионатот, а беа поразени и во контролен натпревар пред да почне втората полусезона. Најверојатно овие ривали ќе играат в петок во Битола. Мечот од 16 коло РК Битола ќе го игра в среда со Металург Јуниор во Скопје.   

2 коментара:

  1. Dobro ti kako novinar bese prisuten na natprevarot i vide deka TOSKOSKI imase 15 odbrani ili toj ti kaza,pa kako negov prijatel napisa tolku za da izgleda deka e strasen golman,a ne nekoj sto brani tuka oti nikoj drug ne go saka?Plus ako imase tolku "odbrani"PELISTER ke pobedese so poveke razlika.E od vakvi raboti nema rakomet vo Bitola.

    ОдговориИзбриши
  2. Зоране !!!!! Биди малку по објективен во информирањето околу статистиката на над
    преварот.Тоскиски имаше вкупно 6 одбрани од
    кои 1 во прво полувреме-пенал и 5 во второ
    полувреме од кои еден пенал.Ако ги броиш и промашените топки на противникот тогаш е во ред твојата статистика.А за Тоскиски веке нема што повеке да се пишува се е веке напишано и кажано , а во иднина наместо да се расправа со своите соиграчи дека тие треба да ја завршат неговата работа можда и ке одбрани некоја топка .
    Жалосно за Битола и Битолскиот ракомет.

    ОдговориИзбриши