Уште на самиот старт, дуел помеѓу две екипи кои оваа година
го изборија своето место во прволигашкото друштво. Во сабота, во својата сала
„Парк“, засилената Струмица го пречекува Пелистер Спорт, во натпревар од
важност за обезбедување на посакуваниот опстанок.
Со Ефтим Богоев, Златко Гоцевски, Марио Хасанов, Петре Цветков и странците Александар Јевѓиќ, Немања Арсиќ, Сањин Балаш и Милан Јањушевиќ како нови играчи од кои се очекува да имаат сериозно влијание на унапредување на играта, Струмица амбициозно влегува во натпреварувачката 2012/13 сезона, откако лани со млад состав успешно ја мина Втората лига. Слична е ситуацијата и со Пелистер Спорт во врска со настапот во Првата лига по успешната минатогодишна сезона и иако со неколку помалку звучни засилувања како Баснарков, Николовски и Мукаетов, а и странското засилување Марјановиќ, за прва и основна цел го има опстанокот меѓу најсилните. Двете екипи ја завршија минатата сезона во Втората лига со идентичен учинок од 14 победи и 4 порази на делба на првото место, а во меѓусебните дуели и двата тима славеа победи на домашен терен. Дуелот со кој обновените Струмица и Пелистер Спорт ќе ја отворат сезоната е закажан за сабота во 19.30 часот.

Златко Зетов, тренер на КК Струмица:
„Да точно дека амбициозно влегуваме во сезоната и се
надеваме дека ќе можеме да стигнеме до Суперлигата, но ќе потенцирам дека сепак
наша главна цел за оваа сезона е обезбедување на опстанокот. Одработивме добри
подготовки, малку не помести одложувањето на стартот, но успеавме и тој период
добро да го пополниме со неколку пријателски средби. Од тоа што досега имав
можност да го видам, Фени, Работнички и Лирија сметам дека би требало да се
борат за првите позиции, претпоставувам дека ние со Куманово и Кожув ќе водиме
битка за останатите места кои водат во Суперлигата. Главна наша сила треба да
претставува тимската игра. Имаме неколку квалитетни поединци, кои сепак се
вклопени во добриот колектив и мислам дека со оваа екипа можеме да оствариме
добар настап во првенството. Очекувам победа против Пелистер Спорт за старт на
сезоната, но ќе нагласам дека очекувам и тежок натпревар. Иако не доведоа некои
сериозни засилувања, ова е прв настап и тој секогаш е тежок. Само со максимално
залагање можеме да стигнеме до посакуваниот прв триумф“.
Никола Николовски - Генерален секретар на КК Пелистер Спорт:
„Прво би почнал со добра вест, која вели дека Општината и
дефинитивно застана зад нас и Пелистер набргу ќе ја заврши трансформацијата во
АД. Лошата вест е што мислам дека во пресрет на првата средба, разликата во квалитет
е голема на страната на Струмица и дека тешко ќе можеме до победа во ова прво
коло. Доведовме неколку засилувања од лани, но ние повторно инсистираме на
млади кошаркари, во кои веруваме и кои сметаме дека можат да напредуваат низ
настапите во оваа конкуренција. Останатите клубови изгласаа правилото за настап
на играч до 20 години да остане исто како лани, иако ние како Пелистер мислиме
дека е подобро да им се даде поголема шанса на младите, а за тоа воедно и се
подготвувавме. Во секој случај, опстанокот во лигата е нашата прва и единствена
цел за оваа сезона, натпреварите со Вардар очекувам да го дадат одговорот на
тоа прашање. Секој успех надвор од тие средби, за нас е само голем плус“.
КК Струмица:
Кошаркари: Иван Цикарски, Славиша Јаневски, Бранко Јаневски,
Трајче Николов, Ефтим Богоев, Златко Гоцевски, Марио Хасанов, Коста
Караманолев, Петре Цветков, Гери Шивачев, Сањин Балаш, Александар Јевѓиќ,
Немања Арсиќ, Милан Јањушевиќ
Тренер: Златко Зетов
КК Пелистер Спорт:
Кошаркари: Ѓорѓи Талевски, Ѓорѓи Анакиевски, Кирил
Босилковски, Бојан Давков, Костадин Стојановски, Даниел Захариевски, Зоран
Петковски, Диме Баснарков, Томислав Николоски, Александар Мукаетов, Јове
Крајовски, Дејан Марјановиќ
Тренер: Благој Печалов
Нема коментара:
Постави коментар