09.10.2012.

Борец пак не допатува во Битола

СЛУЖБЕНИ БОДОВИ ЗА ПЕЛИСТЕР ВО ТРЕТОТО КОЛО ОД ВИП СУПЕРЛИГАТА
Пелистер - Борец неодиграно

Ниту во вториот предвиден термин натпреварот од 3 - коло на ВИП Супер лигата во ракомет за мажи меѓу Пелистер и Борец не се одигра. Во вторникот во 18:00 часот во спортската сала „Младост„ се појавија само пелистерци и судискиот пар од Битола.
Неофицијалните информации говорат дека велешани немаа можности да допатуваат во Битола и го доведуваат под знак прашалник нивниот настап до крајот на сезоната. Пелистер се насочува кон првото градско дерби оваа сезона со Битола веќе в сабота.

Нема коментара:

Постави коментар