Со оглед на тоа
што натпреварот од 8 коло на Првата фудбалска лига меѓу Вардар и Пелистер не се
емитуваше ниту како директен пренос, ниту одложено како снимка, македонската
јавност по изрекувањето на казните од ФФМ веројатно сега смета дека двата клуба
се подеднакво одговорни за случувањата. Такви заклучоци можат да се донесат ако
ги прочитате одлуките на Дисциплинската комисија.
Во името на управата на ФК Пелистер, фудбалерите и стручниот штаб и армијата на навивачи, симпатизери, вљубеници во зелената боја во нашата земја и странство, во името на сите оние кои овие 10 дена по мечот не контактираа за објаснувања што се случуваше во Скопје и која е причината за овој третман на Пелистер при изрекувањето на санкциите, чувствуваме потреба уште еднаш официјално да се обратиме. Самото покренување дисциплинска постапка против Пелистер сметаме дека е дополнителна провокација по натпреварот. Уште еднаш потенцираме дека двете навивачки групи на националната арена „Филип втори„ беа оддалечени толку многу (од источната до западната трибина) што до директен или индиректен контакт можеше да дојде само со пропусти во организацијата. ФФМ одговорите за пропустите треба да ги побара на друго место, а не кај ФК Пелистер. Прашањата кои и ден-денес не се одговорени, па и ние не можеме да им објасниме на нашите навивачи, симпатизери многу работи поврзани со натпреварот во Скопје.

- Зошто мал
милион луѓе од обезбедувањето го обезбедуваа сегментот со навивачи на Пелистер
кои беа многу помалку бројни од домашните навивачи. А наспроти тоа зошто само
дваесетина луѓе ја обезбедуваа трибината со навивачите на Вардар и не успееа да
го спречат „стампедото„ од навивачи кои влегоа в терен и небранети од никого се
упатија кон противничката навивачка група.
- Што ќе се
случеше ако некој од резервните фудбалери на Пелистер или на Вардар (без
разлика што в терен влетаа вардарови навивачи) настрадаше од некој неодговорен гледач. Зарем е нормално
млади момчиња да бегаат в соблекувална, преплашени од глетката. Премногу
едноставно се премолчува овој дел од инцидентот кој можеше да остави сериозни
последици.
- Потенцираме
дека инвазијата на теренот е исклучиво од навивачи на Вардар и ако некој
навивач на Пелистер влетал в терен тоа е поради одземениот навивачки реквизит
од „извршувачот на редот и мирот„ на стадионот, директно назначен на тоа место
од организаторот. Токму овој потег сметаме дека беше главната провокација за
целиот инцидент.
- ФК Пелистер
инсистираше натпреварот нормално да продолжи, иако можеше да го напушти
тревникот и да побара службена победа, заради загрозена безбедност. Но победите
и титулите на „зелена маса„ не се дел од навиките на нашиот клуб, напротив тоа
е „оружјето„ на некои други наши клубови.
- ФК Пелистер
бара заедно со членови на Дисциплинската комисија на ФФМ и со претставници на
ФК Вардар да се прегледа уште еднаш видео снимката и повторно да се преиспитаат
одлуките донесени по натпреварот.
Го осудивме оној
неодговорен гледач (кој не припаѓа на Чкембарите, а е симпатизер на Пелистер) кој
со паричка го погоди помошникот судија на мечот Пелистер - Шкендија. Меѓу
другото сведоци сме дека такви ситуации има скоро во секое коло, а за сите
„плати„ само ФК Пелистер. Жестоко се противиме за сите видови насилство без
разлика од кого дошле. А со ваква организација на средбите и вакви дисциплински
мерки, бараме да бидат јавно и транспарентно изнесени мотивите за казната, во
спротивно со вака тенките санкции ќе сметаме дека самите ваши санкции упатени и
кон тие кои заслужуваат и тие кои не заслужуваат, иницираат и го поттикнуваат
насилството.
ФК Пелистер ветува дека ќе
направи се како и во сите официјални мечеви под „Тумбе кафе„ така и во
наредниот Куп натпревар на 07.11.2012 со Вардар се да биде најдобар ред. Дури и
сме убедени дека мечевите во Битола се пример во каков амбиент треба да се
играат мечевите во нашата земја. Затоа ги повикуваме нашите ривали од ФК
Вардар, нивните навивачи, функционерите на ФФМ (дури и репрезентативците
доколку мечот се играше во прво закажаниот термин) да се уверат во организацијата
на средбите во Битола. Ако третманот кон сите клубови е ист, тогаш се надеваме
дека ќе ги добиеме одговорите и мотивите за казните кои се изречени кон двата
клуба во „вечното дерби„. ФК Пелистер и навивачката група „Чкембари„ не се
само фудбалски клуб и навивачка група, туку култура на живеење и чувствувавме
потреба да го изнесеме нашиот став и да го заштитиме гореспоменатиот бренд.
Борд на директори на ФК Пелистер
(14.10.2012)
Борд на директори на ФК Пелистер
(14.10.2012)
Нема коментара:
Постави коментар