Powered By Blogger

21. 10. 2012.

Пелистер победува според планот

Петта победа во шест мечеви за РК Пелистер на стартот од ВИП Супер лигата
Пелистер - Овче Поле 33:31 (17:17)

Спортска сала Младост  - „Битола„ Гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Гоергиевски (Скопје)
Делегат: Марјан Начевски (Скопје)

Пелистер:

Тоскоски, Божиновски, Ангелковски, Ордев 8, А. Стојановски, Јосифовски, Димитровски 8,Чурлевски 5, Митевски 5, Вешовски 7, Дрогришки, К. Митревски , Петровски, Талевски,  Мемиќ

Исклучувања:  10 минути
Седмерци:  4/4

Овче Поле:

Бетувски, К. Стојановски 2, Ѓорчев 3, Зафировски, Василевски 4, Мачавелов, Наумов, Панев 9, Милковски, Илиев 10, Митрушев, Тремчев 2, Јосифов, Паунов, Лазаревски 1, Петров

Исклучувања: 10 минути
Седмерци: 6/5

Петтата победа за ракометарите на Пелистер беше очекувана работа. Во пресрет на дерби средбите со Тинекс Пролет во Скппје и со струмички Зомимак М наредниот викенд во Битола, зелените на Кире Поповски, рутински го совладаа тимот на Овче Поле. Само опуштањето во последните 10 минути го направи мечот израмнет, иако пелистерци целосно доминираа. Тоскоски на голот од самиот почеток ја превзеде лидерската улога, а во вториот дел кога се кршеше резултатот собра 18 одбрани. Чурлевски „диригираше„ во играта во нападот, а скоро сите домашни ракометари се запишаа меѓу стрелците. Единствено во финишот при 32:26, домашната екипа се опушти, дозволи противникот да направи мини-серија и со 9 гола на Пенев и 10 на Илиев намали. Благодарение на овие два ракометари резултатот беше минимален. За екипата на Кире Поповски се оди по планот и во пресрет на директните пресметки, Пелистер има 16 бода како и Тинекс Пролет и Зомимак М. Меѓу овие три екипи и Куманово ќе се води голема борба за стартните позиции во пресрет на приклучувањето на Металург и Вардар во пролетниот плеј-оф. 

Нема коментара:

Постави коментар