Поднесени се прекршочни пријави
против 13 лица, кои на вчерашниот првенствен натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК
Пелистер, во четири случаи го нарушиле јавниот ред и мир, а во еден случај
недолично се однесувале на спортски натпревар.
Од вкупно пријавените лица, шест се од Скопје, пет од Битола, а еден од Македонски Брод, соопшти МВР. Во недела, околу 18 часот, кај мостот „Гоце Делчев" во Скопје, непосредно пред почетокот на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Вардар и Пелистер, навивачките групи на двете екипи фрлале камења едни кон други, при што неколку лица биле повредени, а оштетени се патнички возила и прозорски стакла од куќи и станови. Исто така, за време на одигрување на натпреварот биле повредени еден полициски службеник и двајца навивачи на Пелистер, кои се пренесени во Градската болница во Скопје за укажување лекарска помош. При спроведување на навивачката група `Чкембари` до железничката станица Скопје, непознати лица каменувале службено возило на МВР, а оштетиле и три службени возила сопственост на Македонски железници, четири возила на граѓани, шалтерската сала на Македонски пошти, излезната рампа на Градската автобуска станица, како и прозорски стакла од Царинската управа и едно возило на управата. Во 22.15 часот на излез од железничката станица Скопје кон железничката станица Лисиче, од страна на непознати лица исто така извршено е каменување на вонредниот воз, што сообраќал на релација Скопје-Битола, а во кој се превезувала навивачката група Чкембари, при што скршени се повеќе стакла од вагоните, а телесно е повреден патникот М.Р. (18) од Битола, кому му е нанесена расекотина во пределот на главата

Нема коментара:
Постави коментар