Откако селекторот Чедомир Јаневски ги повика Драган Ѓорѓиев и Остоја Стјепановиќ во националниот тим, Вардар експресно побара и доби одложување на дуелот првично закажан за в недела на „Тумбе кафе“.
Се очекуваше инвазија на вардарови навивачи, за да го вратат гостувањето на нивните ривали „Чкембарите“ од пред повеќе од една недела во Скопје. Но со новиот термин и фактот дека дуелот ќе се игра во работен ден (среда) од 13 часот, повеќе од јасно е дека во Битола нема да има таква посета како што би донела во неработен ден.
Вардар и Пелистер реванш дуелот во Скопје ќе го играат на 21 ноември, за кога се и закажани останатите три пресметки, чии први натпревари ќе се играат во предвидениот термин в недела од 14 часот. Вардар и во минатиот месец поради обврски на Ѓорѓиев и Стјепановиќ го презакажаа дуелот со Еуромилк. Стјепановиќ влета во последен момент во составот откако првично Стефан Спировски, кој беше повикан се повреди во неделата и отпадна од комбинација за дуелите со Хрватска во петок односно Србија во вторник.

Нема коментара:
Постави коментар