БЕЗ ПЕТ
ПРВОТИМЦИ, ПЕЛИСТЕР ПРОТИВ ДРИТА ГИ ПЛАЌА ПОВРЕДИТЕ И КАЗНИТЕ ОД ДЕРБИТО СО
ВАРДАР
Минаа двата
слободни дена кои фудбалерите на Пелистер ги добија по „вечното дерби„ во
Скопје, а реакциите во кулоарите, меѓу професионалците и спортските работници
не стивнуваат. Сето тоа може да ги деконцентрира зелените и да го одвлече
вниманието на екипата пред важниот меч со Дрита в недела.
Здравствениот билтен исто така е алармантен. Сашо Лазаревски го повреди рамото и веројатно ќе го прескокне овој натпревар. Филип Миленовски и Марко Павлов кои не играа во Скопје, се обидуваат да се опорават за мечот со прволигашот од Боговиње. Кога на тоа ќе го придодадеме исклучувањето на Александар Вељановски со Вардар и петтиот жолт картон на Томе Китановски, пелистерци ќе бидат силно хендикепирани за незгодниот натпревар со екипата на Дрита, која беше жилав противник и минатата сезона во Втората лига.

Коментарите и
импресиите од „вечното дерби„ не стивнуваат. Начинот на кој Пелистер го
интерпретираше натпреварот, со отворена и офанзивна игра против на хартија
посилниот противник, го јакне моралот на младата екипа на Михајлов. Но сега
веќе четвртиот врзан пораз на гостувањата, набива комплекс кај битолчани. Ако
со Работнички и Вардар играа одлично и дури и подобро од домаќините, мечевите
со Тетекс и Металург се во групата на мечеви одиграни на недоволно
задоволително ниво.
И по поразот од
Вардар, в недела се очекува голема посета под „Тумбе кафе„ како битолските
љубители би се оддолжиле кон фудбалерите за ангажманот и борбеноста во Скопје.
Кога веќе мака-мачат да освојат некој бод од гостувањата, зелените не смеат да
губат бодови на своето „буниште„.
Нема коментара:
Постави коментар