Powered By Blogger

27. 10. 2012.

Лидерот на испит во Битола

ЕДИНСТВЕНО БЕЗ КАПИТЕНОТ РИСТЕВСКИ, ПЕЛИСТЕР ЌЕ СЕ ОБИДЕ НА ЈА ПРЕКИНЕ СВОЈАТА ЛОША, А ПОЗИТИВНАТА СЕРИЈА НА ХОРИЗОНТ
 Битолчани минаа мирна недела подготвувајќи го со максимална концентрација клучниот натпревар в недела со Хоризонт Здравје од Турново. И покрај физичките тестови по повредата, капитенот Димче Ристевски нема да биде во стартниот тим, а ако има потреба можеби ќе влезе во текот на средбата.
Отсуството на капитенот и тоа како се почуствува со Дрита и Силекс, па зелените со нетрпение го чекаат назад искусниот плејмејкер. Во негово одсуство има многу дилеми со кој тим пелистерци ќе му се спротистават на лидерот. И во одбраната и во средниот ред зелените имаат голема конкуренција за местата на стартери. Голманот Пеце Коруновски кој сигурно ќе биде на голот в недела е оптимист против турновци:
                „Мислам дека нашиот квалитет е неспорен. Само на одредени натпревари не успеавме максимално да го прикажеме, а на некои мечеви изгледавме одлично. Со екипи од врвот обично играме многу добро и мотивирано, но ни недостигаат бодови. Затоа верувам дека со Хоризонт Здравје сите ќе одиграме колективно и мотивирано и во таква комбинација победата нема да изостане. Противникот е силен, во форма е, но во Битола сме победувале и посилни екипи, па зошто да не се радуваме повторно„ ни рече чуварот на мрежата на битолчани, кој ја минува втората етапа во Пелистер откако претходно бранеше во Албанија и во 11 Октомври.
                Се очекуваат две измени во одбранбената линија и уште две во средниот ред, како тимот на Горазд Михајлов би изгледал поинаку од мечот во Кратово. Традицијата вели дека Хоризонт Здравје секогаш добро игра во Битола, но многу почесто губи од што победува.

Нема коментара:

Постави коментар